Откако по кој знае кој пат македонската јавност денес повторно се увери дека живееме во хибриден режим, во кој правото е сведено на инквизиција, а според пресудите се знае кој е „човек на Заев“, а кој е критичар, еве се уште сум во редакција и подготвувам стратегија за начинот на кој меѓунардоните партнери на Македонија најдобро ќе бидат запознаени со режимот во земјава, и уште еднаш ќе размислат дали заслужуваме датум за ЕУ – цврсто сум уверен дека не заслужуваме. И додека ја подготвував стратегијата за реакција по денешната пресуда, еден мој добар пријател ми испрати фотографии кои дополнително ми ја потврдуваат намерата. Македонија не заслужува датум за преговори, дефинитивно. Барем не додека во земјава шефови на обвинителства се луѓе како Вилма Русковска – пишува Александар Митовски од Инфомакс.

Тој вели дека Рускоска наместо да се сокрие некаде, таа заедно со директорот на Македонската банка за обнова и развој Кире Наумов, и уште двајца бизнисмени вечерала во еден познат ресторан во Градскиот парк во Скопје.

Од она што ми го кажува пријателот кој ми ги испрати фотографиите, имало и интересни муабети. Јас уште не сум го слушнал аудиозаписот од разговорот, ама, му верувам на пријателот – вели Митовски.

Тој сепак ја прашува Рускоска:

– Дали со Кире Наумов, директор на Македонската банка за обнова и развој, разговарала за изградба на спа-центри низ Македонија?
– Дали се барале ургенции во Министерство за транспорт за да се обезбеди земјиште и локација за изградба на тие спа-центри?
– Дали се работи за истите проекти кои Боки 13 им ги нудел на бизнисмени?
– Дали Рускоска разговарала за некои тендери за осветлување во една општина?

Точно ли е, обвинителке Рускоска, дека пред некој ден во истиот тој ресторан сте биле заедно со министерот за здравство Венко Филипче? Со професорот и советник на Зоран Заев, Зоран Верушевски? Што разговаравте? – прашува Митовски.

Еве не знам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.