Злоупотреба на доверливи податоци, неизвршување, несовесно, ненавремено или небрежно вршење на работните задачи се причините поради кои државниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски доби дисциплинска мерка распоредување на непосредно пониско работно место, пишува во решението за изрекување дисциплинска мерка потпишано од директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спировски.

Документот го објави „Факултети.мк“.

„Имајќи предвид дека решенијата донесени од државниот службеник беа поништени од второстепен орган како незаконити, а од друга страна имајќи предвид дека државниот службеник Илиевски не даде ниту еден противаргумент за она што му се става на товар преку поднесениот Предлог за поведување на дисциплинска постапка, комисијата утврди:

Пречекорување на законските овластувања и злоупотреба на службената должност бидејќи без конечно решение за постапката што ја презел на Универзитетот во Тетово изнесува пред јавноста факти што не се конечни, што значи факти што не се потврдени од надлежен орган, со што самоиницијативно донесува заклучок за неправилностите.
Исто така, во решението пишува дека е прекршена наредба од овластено лице која се однесува на работењето на ДПИ.

Целиот текст може да го прочитате тука. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.