Во воведот на писмото на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева што во ракопис е испратено од затворот „Шутка“ во септември годинава, додека Јанева беше во притвор, таа ургира кај републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски да направи увид во списите кај Вилма Рускоска, бидејќи шефицата на СЈО, се сомнева дека нејзината изјава дадена пред обвинителката за организиран криминал и корупција била сокриена од шефот на ЈО, пишува Инфомакс откако извршил увид во писмото.

Според порталот, Јанева го предупредува Јовевски да отвори очи, и да се заинтересира за истрагите кои во СЈО ги отворила токму таа, а кои содржеле клучни елементи кои ќе го објаснат начинот на нејзиното делување и она што и се случува.

Ве молам во интерес на Обвинителството (се мисли на ЈО) разгледајте ги сите документи и мојата изјава дадена пред Вилма Русковска. Таа не ве извести за мојата изјава. Во СЈО има истрага која ќе разјасни многу работи во врска со моето дејствување – пишува Катица Јанева во писмото испратено до Љубомир Јовевски, напишано во ракопис преку затворската управа на затворот „Скопје“.


Целиот текст на Инфомакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.