Зоран Заев претпладнево ја достави својата оставка на функцијата претседател на Влада до Собранието на Република Македонија.

Оставката ќе биде доставена до претседателот на државата Стево Пендаровски, кој потоа ќе треба да го извести претседателот на Парламентот, Талат Џафери за новиот мандатар.

По ова, претседателот на Собранието ќе закаже седница на која треба да биде констатирана оставката на премиерот и на други членови на Владата и да биде избран новиот состав на техничката влада. Дополнително ќе биде соопштен терминот за одржување на седницата.

Составот на техничката влада треба да биде изгласан до вечерва на полноќ во Собранието, а таа се формира 100 дена пред предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.