Смешно и жално е што после четири месеци од добивање на сите докази за случајот Рекет, Заев дозволи УЈП да влезе во контрола на невладините организации на Боки 13. Уште потрагично е што ова го претставуваат како успех, а не капитулација на правната држава. Досега пред обвинител требаше да бидат изведени и Кики и Фрики и Шеки, а нивните сметки да бидат прочешлани. Тоа ќе беше така доколку Зоран Заев беше чист и не беше главата на октоподот, смета опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Според партиското соопштение македонските граѓанини се жртва на рекетарско криминалната банда предводена од аболицираниот Зоран Заев и три години ја плаќаат највисоката цена за бандитизмот на оваа криминална власт.

Правдата во Македонија е мисловна именка од денот кога Заев седна во премиерската фотелја и го стави под целосна контрола правосудниот систем во државата. Политичкиот прогон, тероризирањето на политичките неистомисленици и рекетот станаа секојдневние за кое најзаслужна беше десната рака на Заев, Катица Јанева.

Апсењето на Јанева не ја задоволува правдата во случајот Рекет. Рускоска и Јовевски наместо да стигнат до главата на октоподот тие исекоа еден од неговите пипци, со единствена цел да не се октрие кој е на чело на оваа рекететарска операција, да не се открие дека зас цел овој криминал и корупција стои Зоран Заев.

Никој во Македонија не верува дека Заев не е инволвиран во најголемата криминална афера во историјата на Република Македонија. Никој жив во нашата држава не верува дека Заев кој е три пати амнестиран за тежок криминал не е на чело на октоподот.

Правдата ќе биде задоволена кога Заев ќе замине во политичка пензија. Правната држава ќе се врати кога оваа криминална банда ќе ја напушти Илинденска бб. Само тогаш целосно ќе се расчисти најголемата криминална афера во македонската историја, пишува во денешното соопштение за јавноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.