Додека Боки 13 се фалеше со раскошот по социјалните мрежи фотографирајќи се со речиси сите функционери на власта, Катица Јанева не споделува многу фотографии од приватниот живот.

Доколку некој сака да ѕирне во профилот на шефицата на специјалното обвинителство Катица Јанева, мора да и понуди пријателство, бидејќи нејзиниот профил е приватен и дел од објавите не може секој да ги гледа. Според актуелната истрага Рекет, во која се шпекулира дека е замешана и Катица Јанева, сигурно во моментот понудените пријателства се ставени на чекање. Но оние кои и се пријатели и секојдневно гледаат што споделува Катица, сигурно забележале дека специјалната јавна обвинителка повеќе објавува цитати отколку фотографии со нејзините пријатели и семејството. ТВ Алфа прави кратка анализа за она што е споделувано изминатиов период.

Листајќи по профилот забележуваме дека Јанева во повеќето цитати кои се споделени се поврзани со егото и гордоста на човекот

КОГА СЕ ПЛАШИШ ДА ИГРАШ НА ТЕРЕН, ОБИЧНО СВИРИШ ОД ТРИБИНА

Понатаму, има објавено и фотографија со виски, оваа асоцира на некоја прослава- претпоставуваме дека вово време кога е објавена фотографијата Јанева слави за нешто.

СЕКОГАШ ВЕРУВАЈ МУ НА СОПСТВЕНИОТ ИНСТИНКТ, ТОА СЕ ПОРАКИТЕ ОД ТВОЈАТА ДУША

Дали Катица Јанева добро ја служел инстиктот дека инволвираните во случајот Рекет, кои меѓувреме се нејзини пријатели, го користат нејзиното име за да рекетираат бизнисмени уценувајќи ги со телефонските разговори со кои располага специјалното обвинителсто. Или можеби, Јанева успешно соработувала со Боки 13 и Зоран Кичеец?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.