Претседателот Пендаровски правдајќи ја одлуката да не прогласи вонредна состојба рече рече дека бројот на заболени кои ги имаме последниот период немаат врска со  неговата денешна одлука.

Според него, сите претходни одлуки ги донел за да може владата да носи Уредби поврзани со корона кризата во ситуација кога Собранието е распуштено.

Но, да се потсетиме што кажа Пендаровски на 18 март при првата вонредна состојба, кога бројот на заразени не беше над 30 дневно.

Тој го наласи дека фактот што за прв пат од нашата независност прогласуваме вонредна состојба укажува колку е сложена ситуацијата во која се наоѓаме и колку е голем ризикот за сите нас.

Во деновите пред нас, бидете дисциплинирани и одговорни пред себе си, пред своите најблиски, особено бидете одговорни и помагајте им на нашите повозрасни граѓани и граѓаните со хронични заболувања. Не излегувајте од дома без позначајна потреба. Следете ги информациите од надлежните органи и институции и доследно почитувајте ги нивните препораки-изјави Пендаровски на 18 март.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.