Бугарската телевизија прозрачи во Македонија на трети март кога во Бугарија се слави „Денот на oслободувањето од Отоманското Царство”, односно денот на националното обединување, кога во 1878 година е потпишан Санстефанскиот мировен договор кој предвидува создавање на Голема Бугарија.

Вчера беше беше емитуван филм за комитите но гледан од бугарска перпектива.

Каква историја се учи во Македонија” е насловот на документарниот филм.

Преку анализа на македонските учебници, авторот на филмот Александар Марков сака да докаже дека во земјава се учи фалсификувана историја, теза со која се согласува и еден од членовите на бугарскиот дел од мешовитата комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.