Во контест на денешниот настан кој го обиколи светот – пораката што ја испрати турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган седнувајќи ја Урсула фон дер Лајен далеку од „округлата маса“, на каучотот, Ивор Мицковски зборува за македонскиот „џинџер“ баланс – родова еднаквост со киселкастолут вкус.

Играта е поголема од само мизогинијата на Ердоган, но мизогинија е во прашање.

Сакаше Султанот многу работи да каже, ама најгласно од се, дека за жената во неговата земја нема столче, таа седи на страна.

Па мислам нели е веќе јасно, место на столчето за жените и онака нема, барем пандемијата тоа го покажа и потврди.

Видовме дека најмногу жени изгубија работа за време на кризава, дека жените се најголеми жртви на домашно насилство, кога веќе не се жртви и на политичко или некое друго насилство.

А што да кажеме за нашиот „џинџер“ баланс.

Остана на хартија пошто го нема ниту во Владата, ниту во Собранието, никаде каде што нешто значи.

Случајот, поточно, случаите Јавна соба останаа нерасчистени и без некоја јасна правна поука.

Отпуштањата на текстилните работнички си пројдоа нечуено и неадресирано.

Играта е поголема од само мизогинијата на Ердоган, но мизогинија е во прашање.
Сакаше Султанот многу работи да каже, ама…

Posted by Ivor Mickovski on Wednesday, 7 April 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.