Штабовите и општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се полни. По најавата за предвремени избори, состаноци со членовите се одржуваат во сите одграноци.

Од партијата најавија дека се подготвени за избори. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски веќе неколку недели е на средби со граѓаните преку акцијата „Разговори за обнова на Македонија“. Тој порача дека ќе ги чујат сите проблеми на народот, а за решението и одговорите за нив ќе се консултираат со врвни експерти на секое поле. Токму од тие решенија ќе биде составена новата програма за престојните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.