Случајот „шпански скали“ за кој на Миле Јанакиески му е одреден притвор повторно е одложен. Следното рочиште ќе се одржи дури во февруари следната година. Во февруари рочишта ќе има на 9 и 23, а до јуни закажани се девет расправи.

Јанакиески секојдневно е на суд за другите предмети за кои е обвинет но не и за предметот за кој му е одредена мерката домашен притвор.

Адвокатот Еленко Миланов не може да си објасни зошто следното рочиште е закажано дури за три месеци.

Притворските предмети по редот на нештата треба да имаат приритет но навистина немам одговор зошто за овој предмет не е така-вели Миланов во изјава за „Република“.

Ваквата одлука на судот потврдува дека има двојни аршини кон притворските предмети, зашто како такви треба да имаат приоритет во судењето.

Притоа, очигледно, помалку важно е одржување на рочишта заради самата мерка, важно е само  осомничениот Јанакиески да биде во притвор.Јанакиески е во домашен притвор за предметот „Шпански скали“ уште од 28 јуни 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.