Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО.

Владата  на премиерот Педро Санчез побара од Парламентот протоколот да биде ратификуван по итна постапка имајќи предвид дека Шпанија е последна од 29-те членки на НАТО што тоа го нема направено, пренесува шпанската новинска агенција ЕФЕ.

– Неопходно е ратификацијата да биде по итна постапка со цел да не се одложуваат заложбите на Шпанија како сојузник во НАТО за прием на Македонија во Алијансата, се вели во образложението на шпанската Влада.

Владата во Мадрид во јули лани достави до Парламентот барање за ратификација на протоколот, но поради распишувањето на предвремените парламентарни избори на 10 ноември постапката беше прекината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.