Уште Шпанија и Франција останаа земји кои треба да го ратификуваат протоколот за членство на  Македонија во НАТО. Премиерот во заминување Заев синоќа на трибина во Велес, рече дека Шпанија во скоро време ќе го ратификува Протоколот.

Зборував со Премиерот на Шпанија. Ми рече дека брзо ќе го ратификуваат Протоколот – рече премиерот во заминување Заев.

Со тоа потоа ќе остане уште Франција, која според најавите, кон крајот на овој или почетокот на идниот месец ќе го ратификува Протоколот. Полноправното членство на Македонија во НАТО ќе треба да се случи некаде кон февруари идната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.