Професорот Светомир Шкариќ предлага Договорот од Преспа да стане уставна категорија. Со ова ќе се даде пример како проблемите меѓу две држави може да се решат.

Шкариќ смета дека е добро државјанството да биде предмет на уставните амандмани, а македонскиот етникум да добие третман во соседните држави како што имаат другите етнички заедници во државава.

Академик Таки Фити побара добро да се размисли околу именувањето на институциите кои се дел од историјата како што се МАНУ, Институтот за македонски јазик.

Вицепремиерот Бујар Османи порача дека друга алтернатива нема. Македонија мора да го фати патот кон НАТО и ЕУ.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров уверува дека уставните измени ќе донесат благодет на идните генерации.

Следните две јавни расправи ќе се одржат во Штип и во Тетово, по што Владата во рок од два дена треба да изготви Извештај со сите сугестии и предлози и заедно со нацрт амандманите да му ги достави на Собранието, со што ќе отпочне третата финална фаза за измени на Уставот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.