Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во интервју на Радио Слободна Европа на прашањето која е клучната грешка што партијата ја направи откако дојде на власт, тој им порача на своите гласачи дека не е грешка ако СДСМ не вработил некој свој член и дека тоа е одлика на погрешно владеење и политика. Тој исто така додал дека според него, немаат направено ниту една стратешка грешка откако СДСМ е дојден на власт.

Стратешки дека некаква грешка сме направиле водејќи ја оваа држава јас сè уште не можам да видам. Впрочем сте донеле политички одлуки врз чија основа оваа држава е во НАТО. Споро ни оди со судството. Проклето споро ни оди. Не зборуваме за целото судство, туку доменот онаму каде што е одлучувањето за криминалот. Претежно зборуваме за еден суд во државата, Основниот суд и еден суд во државата, Апелационен. Знаете што сè не се случи за да го смениме претседателот на Врховниот суд и какви беа тие односи. Меѓутоа не верувам дека тоа е риверзибилен процес. Тоа не може веќе да се врати. Тргна таа работа. Таа ќе ја довршиме после изборите и конечно ќе успееме чекор по чекор, можеби ќе звучам грубо, за реално прв пат да воспоставиме владеење на правото во Македонија, вели Шилегов.

Скопскиот градоначалник им порача на своите гласачи дека не е грешка ако СДСМ не вработил некој свој член и дека тоа е одлика на погрешно владеење и политика.

Сè уште не сме излезени од груевизмот. Некои работи ни станаа како вредности без да ги сакаме, без да ги прифаќаме, ама невидливо имаат влезено во нас и водиме репер по тие груевистички вреднувања. Често. Нели клучното прашање за ова ли се боревме кога ќе ти го постави член на партија, затоа што нема да му овозможиш работно место како што го замислува за себе. Па да, за тоа се боревме. Не да добиеш работно место затоа што си член на партија, ама тие се работи што ги забораваме. Во таа атмосфера јас не можам да видам некаква фундаментална грешка во смисла на носење на политички одлуки во политиките на СДСМ во изминативе скоро 3 години. Ситни грешки во од има, ама рековме тоа е човечки“, одговара Шилегов на прашањето за тоа која е клучната грешка која владеачката партија ја има направено откако е дојдена на власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.