Тажен ден за македонското здравство. Во Чаир почина 26 годишна родилка при породување, додека во Битола 18 годишна девојка притоа не се познати детално причините. Додека смртта е присутна во македонското здравство, Венко Филипче е награден со 13 ноемвриска награда од Шилегов. Ова ли е здравството кое го ветуваше премиерот во заминување. Има ли некој контрола во македонското здравство? – запраша ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потсетија на трагичната несреќа во модуларната болница во Тетово, кога загинаа 14 луѓе.

Филипче вели дека 14 луѓе загинаа од струен кабел во Тетово, додека обвинителството вели никој не е крив. Денес е трагичен ден. Околностите под кои починаа овие луѓе мора да се испита. Власта на Заев не е способна да има контрола над системот во распаѓање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.