Не стивнуваат реакциите од страна на граѓаните по одржаниот прв извиднички одред во Град Скопје со сексуална и непристојна содржина каде што учесници беа малолетни лица, а за кои како што пишуваат медиумите по таквиот настан се соочуваат со трауми.

Градскиот татко Петре Шилегов и по дводневниот молк денеска на прес конференција мораше да се соочи со медиумите, па на новинарско прашање, повторно во свој стил, бранејќи се ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека води негативна кампања против него, додавајќи дека Град Скопје секоја година финансира илјадници и илјадници проекти, како и дека должност на институциите е да вршат сексуална едукација.

Кажав во недостаток на политики во недостаток на определување на приоритети за скопјани, они се занимаваат со црна кампања против мене. Град Скопје секоја година финансира илјадници и илјадници различни проекти, не можеме да ги предвидуваме кои ќе ги прават корисни. Ова е скандалозно и во апликацијата го нема и не можело да го одобриме. Ги замолувам ВМРО-ДПМНЕ, зборуваме за дечиња, за родителски грижи, срамота е да се користат тие емоции. Аман да престанеме веќе со такви политики.
Апликацијата подразбира камп со средните училишта, ова е надвор од училиштата. Јас сметам дека е должност на институциите кај адолесцентите да вршиме сексуална едукација и тоа беше во рамките на средните училишта – рече Шилегов.

Но, обидите на Шилегов да се огради од одговорност не поминуваат. Имено, опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција објави документи каде што јасно стои дека Град Скопје е финансиер на овој прв скопски извиднички камп.

Скандалозниот камп кој бил организиран од првиот скопски извиднички одред e проект финансиран од Град Скопје и во 2021-та година! Ова е документ, информација испратена до директорите на средните училишта на Град Скопје за тоа кој проекти се избрани на јавен повик и финански и поддржани од Град Скопје. Во овој документ јасно е наведено дека проектите се насочени кон остварување на програмските цели на Град Скопје во областа на образованието. Залудно се трудеше Шилегов да ја одбегне одговорноста, скандалозниот камп и настаните кои се случиле се финансирани од Град Скопје и тоа јасно се гледа од овој документ кој ќе го доставиме до медиумите и јавноста. Ова е доволен показател дека Шилегов е еден од одговорните чинители во овој процес. Застрашувачки е фактот што Шилегов неколку дена наназад се обидуваше да се огради, ја лажеше јавноста велејќи дека не бил запознаен со спорната активноста, вели Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Ова е доволен показател дека Шилегов е еден од одговорните чинители во овој процес. Застрашувачки е фактот што Шилегов неколку дена наназад се обидуваше да се огради, ја лажеше јавноста велејќи дека не бил запознаен со спорната активноста. Дополнително, Шилегов тврдеше дека учесниците не биле организирани од средните училишта. Шилегов манипулираше со јавноста, но пред се со загрижените родители кога тврдеше дека настанот го шокирал и него, а од ова јасно се гледа дека тој знаел, го одобрил и финансирал проектот со скандалозна содржина.

Дополнително, овој проект е еден од програмските цели на градот Скопје. Шилегов тврдеше дека ја споделува загриженоста и осудата за настанот, обидувајќи се да ја одбегне одговорноста која ја има. Со раскинувањето на договорот Шилегов даде директно признание. Очекувано е градот Скопје да се грижи и да финансира проекти кои ќе овозможат развој на младите во Скопје, но Шилегов финансира проекти чија содржина задира во целокупниот развој на младите средношколци.

Револтот кај граѓаните и понатаму расте, а Шилегов наместо да се извини, дополнително иритира со неговиот однос со што признава дека директно одговорен и виновен за ваквиот извиднички одред е токму тој.

Од страна на Јавното обвинителство е започната одговорност, дали ќе има одговорност за првиот човек на Град Скопје Шилегов, останува да почекаме, но со сигурност може да се каже дека траумите предизвикани од овој настан ќе бидат се повидливи во следниот период од сите учесници на истиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.