Јанева ја заврши прес-конференцијата осврнувајќи се на својата оставка и испраќајќи шифрирана порака до „некој се обидува да ја злоупотребува својата политичка моќ и бега од правдата“.

Ја депонирав мојава оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник. Со овој чекор сакам да бидам пример за сите останати. Не само да не дозволувам да бидам користена за нечие алиби за европските интеграции, туку покажувам висока професионална свест и со депонирањето на мојата оставка потврдувам дека нема на никаков начин да влијаам на конечниот исход на случајот „Рекет“, рече специјалната јавна обвинителка.

На крајот таа ги повикува граѓаните да направат разлика меѓу чистите како неа и „нечистите“ како „некој кој се обидува да ја злоупотребува својата политичка моќ и бега од правдата“. Несомнено се работи за шифрирана порака, но Катица немаше храброст да одговори кон кој политички моќник го вперува прстот.

Граѓаните и јавноста нека направат разлика што значи да бидеш свесен за одговорноста што ја носиш и како се постапува кога знаеш дека си чист и што значи кога некој се обидува да ја злоупотребува својата политичка моќ и бега од правдата. СЈО е е поголемо и позначајно од мојата сегашна функција, беше е и верувам дека ќе остане симбол на беспоштедна битка со највисоките форми на висока корупција и криминал. Оставам во наследство десетина затворени истраги, подготвени за брзо процесирање. Тие предмети ќе и дадат одговор на јавноста зошто некој со сите сили се убедуваше да го спречи мојот реизбор и со невидена медиумска хајка се обидува да го загрози и кредбилитетот на СЈО, заклучи Јанева во изјавата за медиумите дадена во СЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.