На клиниката за гастроентерохепатологија во Градската општа болница 8 Септември се детектирани 6 заразени лица од коронавирус од медицинскиот персонал.

Други десетмина се во изолација, дел од нив во очекување на резултатите од направените тестови за Ковид-19, дознава ТВ24 од извори во Министерството за здравство.

Во Градската општа Болница ќе се извршат целосни проверки за да се утврди начинот на кој бил заразен дел од медицинскиот персонал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.