Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп истакна дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган планира да ја посети Северна Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп во изјавата за медиумите рече дека во Скопје е дојден за конференцијата организирана од Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), на тема „Визијата на глобалниот мир во новиот милениум“ и за ифтарската вечера организирана под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје и во соработка на ИБУ, Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) и Општина Халилије од Турција.

Шентоп рече дека посетата била планирана порано, но пради локалните избори во Турција и претседателксите избори во Северна Македонија била одложена.

Покрај ова посета, размислувам и за друга подолга посета, затоа што имаше покана од претседателот на македонскиот парламент. Таа покана е постојана. Според тоа ќе направиме програма”, истакна Шентоп.

Тој додаде дека во рамките на посетата на земјата, се состанал и со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Му честитаме и ги пренесовме поздравите на нашиот претседател почитуваниот Реџеп Тајип Ердоган. За крако време се надевам дека ќе планираме и посета на нашиот претседател”, истакна Шентоп.

Претседателот на ТБММ се осврна и на конференцијата на тема „Визијата на глобалниот мир во новиот милениум“ истакнувајќи дека на конференцијата зборувал општо за иднината на светот, во кој правец оди, позицијата на Турција, како и за иднината.

На 28-30 јуни, на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), ќе се организира 5. Меѓународниот конгрес за општествени науки. Ако немам некои обврски, планирам да дојдам и на тој конгрес. Тогаш ќе имам можности за пошироки средби и да се обаратам тука”, рече Шентоп.

На конференцијата на која свое обраќање имаше Шентоп, присуствуваа покрај амбасадорот на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, пратеници, политичари, дипломати, академици, преставници на турските институции во земјата земји и голем број гости.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.