Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е дел од изданието на „30 прашања со“ што го објави пред неколку дена нејзината матична партија СДСМ. Овие виде ги прави Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„Курир“ коментира дека  во спотот на Шекеринска злоупотребени се униформирани лица во партиска пропаганда. Останува нејасно како било дозволено да се снимаат во партиски цели офицери и војници во униформи на своето работно место во Министерството за одбрана кога тоа е најстрого забрането со закон. Нејасно е и во каква функција се појавил потпретседателот на СДСМ Коста Петров кога тој не е вработен во Министерството за одбрана.

Видеото е закачено на партискиот канал на СДСМ на Јутјуб. Имено според член 131 став 12 од Законот за одбрана забрането е изразување и застапување политички ставови и убедувања во службата и предизвикување национална, верска и расна нетрпеливост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.