Владата во четвртокот донесе одлука за 80 часовен полициски час за град Скопје и уште неколку општини во Македонија. Оваа драконска одлука беше донесена откако денови по ред Македонија бележи екстремно висока стапка на новозаболени, и покрај тоа што надлежните уверуваат дека ситуацијата се стабилизира и е под контрола.

Очигледно, забраната за движење се однесуваше само на „обичните“ луѓе, додека високи владини функционери беа забележани во туристичките места ширум земјата каде што рестриктивните мерки беа поблаги.

Вицепремиерката и министерка за одбрана, откако гласаше за затварање на скопјани, исто така го избегна 80 часовниот полициски час и помина три дена во својата викенд куќа во Маврово, објави Инфомакс.

Додека скопјани седат во своите домови, некои во 30 квадрати, Шекеринска ужива во вилата на Маврово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.