Радмила Шекеринска во домашна атмосфера седеше со рекетарите Катица Јанева и Бојан Јовановски – Боки 13, а не е повикана ниту во суд, а уставобранителите се во затвор, реагира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста на однесувањето на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која не сакаше новинарите да ја прашуваат што правела во домот на Бики 13.

Од партијата потсетуваат дека Шекеринска, Катица Јанева и Боки 13 разговарале за Законот за јавни обвинители.

Што има Шекеринска да разговара за закон со Боки 13?! Тој ниту е професор, ниту експерт! Не држат вода обидите на Шекеринска да се испере за нејзината блискост со Катица Јанева и Боки 13, за кои од снимки видовме дека се среќавале во домашна атмосфера. Катица Јанева и Боки 13 узурпирајќи ја моќта на СЈО и власта на Заев и Шекеринска правеле терор врз бизнисмени и изнудувале милиони. Свесна ли е Шекеринска колку мака предизвикале Јанева и Боки 13, кои видовме како се дружат со неа?

Случајот Рекет е еден од најголемите скандали во Македонија, а во него се вмешани Заев и Шекеринска. Боки 13 лично кажа дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев, додека Шекеринска сите ја видовме како седи со сега осудените.

Не може за Шекеринска да нема ниту распит, ниту обвинение, а постојат сомнежи за одредена поврзаност, кои треба  да се доистражат до крај, а Уставобранителите да се во затвор. Народот е незадоволен за сета неправда што се случува, за неспособноста, криминалот и мафијата која владеат. Плод на неправда се и осудените за 27 април, на кои според досега воспоставената пракса треба да им се овозможи правдина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.