Да, тоа беше средба на која зборевме за една тема која беше многу актуелна во тој период. А тоа беше зошто не може да се донесе законот за јавно обвинителство. Јас сум била во друштво на сопственик на телевизија, но сум била и со многу други сопственици на телевизии, рече во денешното гостување на „Само вистина“ Радмила Шекеринска.

Ова е нејзино прво признание за снимката од која се гледа како министерката седи во опуштена домашна атмосфера со сега веќе осудените Катица Јанева, поранешна шефица на СЈО и Боки 13, кои се осудени за рекетирање бизнисмени.

Снимката, тврди Шекеринска, е пред случајот Рекет да пукне во јавност. Инаку во Рекет јавноста виде како Боки 13 носи ташна Луј Витон полна со изрекетирани милиони.

Случајот доби своја судска разрешница, откако во јавноста стана преголем притисокот врз власта. Пред нецел месец, на завршното рочиште од Рекет, кога беа и осудени Боки 13 и Катица Јанева, Боки 13 кажа дека ташната со рекетираните милиони завршила кај Зоран и Вице Заев.

Веднаш потоа во јавноста излезе снимка од која се гледа како во домот на сега веќе осудените седи Радмила Шекеринска, министер за одбрана и вицепремиер во владата.

Нејасно е што зборувала Шекеринска со Боки 13 и Јанева, и дали се тие личностите со кои се водела државната политика?! Дополнително дали истата знаела за Рекет, додека истиот бил во тек?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.