Носителката од СДСМ во изборната единица 5 денеска во Битола порача дека судиите и обвинителите кои застаруваа случаи ќе бидат разрешени и казнети.

Владата која ја предводи СДСМ, посочи Шекеринска, наследи корумпиран и уништен правосуден систем.

Владата работеше на темелни промени а во вториот мандат ќе се погрижиме 100 проценти законот да е еднаков за сите. Тоа го можеме само со стабилно мнозинство и период во кој следува прочистување во правосудството. Законот е еднаков за сите. Не се мешаме во судството но инсистираме на правда – изјави Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.