Здравствениот систем го подготвивме за секој следен бран на коронавирусот, а со стабилни институции по изборите, со функционален парламент, со нормална влада во која нема да постојат министри кои ги блокираат одлуките или не уценуваат со потписи ќе можеме целосно да ја заштитиме државата, економијата и граѓаните од последците на коронавирусот, истакна денеска заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во Крушево.

Таа нагласи дека покажале одговорност кон здравјето на граѓаните но и брза реакција тогаш кога светот па и ние плативме голема цена поради коронавирусот.

Покажаме дека можеме и дека нашето јавно здравство може да го положи тестот.Во исто време ја вративме и довербата на граѓаните кон јавното здравство, кон здравствените работници, кон докорите и медицинските лица. Сега го стекнавме искуството и вложивме уште повеќе во јавното здравство, рече Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.