Од серијата на лажни вести кажани како факти, од ветени, а ненаправени работи од страна на власта, наречена „Да не се заборави“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја споделува и оваа изјава од министерката за одбрана Радмила Шекеринска на партиска трибина на СДСМ пред последните парламентарни избори.

Ангела Меркел излезе пред јавноста и кажа оваа година ги почнуваме преговорите со Cеверна Македонија. Каде е сега ВМРО-ДПМНЕ макар со кисела насмевка да удри барем еден аплауз?, рече Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.