Кампањата за избори ќе биде валкана, но искуството од претседателските избори кои беа во позитивна атмосфера во однос на тие од 2014-та се добра шанса за демократска, фер и позитивна кампања, смета заменик-претседателката на СДСМ и министер за одбрана Радмила Шекеринска. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, пак, оцени дека стартот е многу лош зашто се дерогира моделот на Пржинска (техничка) влада.

-Ќе имаме тешки избори, кои ќе бидат далеку од фер и регуларни, но и во такви услови ние сме убедени дека ќе добиеме поддршка од граѓаните, дека ќе победиме и ќе ја формираме следната влада. Во кампањата ќе зборуваме само за криминал и она што го тишти народот, а тоа е изгубеното национално достоинство и нарушената економија. Во однос на кандидатурите, правиме анализи кои очекуваме да завршат следната недела. Можам да најавам дека ќе имаме далеку поголема коалиција од претходно, а доаѓаат и нови политички партии со кои разговараме овие денови, рече Николовски во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.