Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, порача дека не сака да бидеме заложници на темните страни на балканската историја и дека денешните предизвици не може да се решаваат исклучиво ако со двете нозе сме во минатото.

Одговарајќи на новинарски прашања, по врачувањето на донацијата на брзи тестови за Ковид од Кралството Норвешка, Шекеринска изјави дека имаме историја на која сме горди, но оти мора да се трудиме да ги решаваме проблемите.

Нашето антифашистичко минато не стави на вистинската страна на историјата меѓутоа денешните предизвици не можат да се решаваат исклучиво ако сме со двете нозе во минатото. Тоа го направија и европските држави само неколку години по најкрвавата војна во својата историја – изјави Шекеринска.

Како што додаде таа, во таа насока било и последното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС, во кое тој испратил пораки за помирување и гледање напред на работите.

Никој во Европа не мрднал еден чекор од конфликтите и страдањата зборувајќи само за нив, туку правејќи контраст меѓу она што сме виделе, што сме почувствувале како сме страдале и она што сакаме да биде – изјави Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.