Видео снимка со наслов „Боки 13 со другарките“, се појави на Јутјуб канал со истото име, на кое се гледа како осудениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, најверојатно во неговиот дом седи со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, која исто така доби затворска казна за истиот случај.

Во видеото се гледа дневниот престој во домот на Бојан Јовановски, каде тројцата се седнати во опуштена атмосфера следејќи ја телевизијата зад која стоеше Боки-13.

Со оваа снимка се потврдува тоа што го сведочеше порано вработена во домот на Боки 13, Драгана Колевска, која на едно од рочиштата за случајот „Рекет“ рече дека кај Јовановски дома на гости доаѓале Радмила Шекеринска и Катица Јанева.

Кај Бојан Јовановски имаше реновинарање, промена на ентериерот на дневната соба, а дали е купувано, не знам немам видено фактури. Тој купи телевизор по реновирањето. Сликите ги донесоа двајца од галерија, ги оставија. Во домот на Јовановски доаѓаа познати личности, политичари. Еднаш дојде Шекеринска, Катица, еднаш има дојдено Стефан Богоев, Кирацовски, Лила Филиповска, Анета Кочишки, Орце Камчев, Зоран Милевски, изјави Колевска на едно од рочиштата за случајот „Рекет“.

За случајот „Рекет“ судот ги прогласи за виновни Боки 13 и Јанева. Поранешната шефица на СЈО е осудена на седум години затвор а Бојан Јовановски заработи казна од девет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.