Оваа партија и влада може да преживее само со успешна борба против корупцијата, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска за емисијата „24 анализа“.

Според неа, до 2020 година немавме функција вицепремиер за борба против корупцијата.

Постоеше ли едно интервју со било кој од Влада на кој не ни поставивте прашање за корупцијата. Ние сме одговорни пред граѓаните за да работиме против корупцијата и има огромни легални и легитимни инструменти, како на пример се што објавуваме и тоа што во Министерството за одбрана направивме 100% транспарентност. Тоа е еден начин за борбата против корупцијата.

Во врска со извештајот на ГРЕКО каде што главните критики беа насочени за двојната функција вицепремиерот за борба против висока корупција Љупчо Николовски и Министер за земјоделство, Шеќеринска рече дека самата таа се борела за Владата да има човек кој ќе се бори против корупцијата

Самата јас се борев за Владата да има човек кој ќе се бори против висока корупција. Тој човек не би казнувал, нема би давал пресуди, но ќе прави притисок врз институциите да бидат поуспешни во спречувањето на корупција. Оваа Влада би била успешна само доколку успешно се бори против корупцијата. Функцијата вицепремиер за борба против корупцијата не ја дефиниравме како судија, обвинител, полицаец во еден човек. Тој обезбедува да системот од внатре ја прави корупцијата потешка и видлива. Функцијата на Љупчо Николовски не ја доживеавме како судија, обвинител и полицаец во едно. Тој не треба да суди и пријавува. Тој треба да обезбеди системот од внатре да ја прави корупцијата потешка и повидлива. Тоа е транспарентност, посочува министерката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.