За една година по референдумот направивме тектонски промени, смета вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Успеавме да го заземеме нашето место на сојузничката маса. Сите се согласуваат дека пораката од ЕУ ќе биде позитивна. Нашето пристапување во НАТО ни создава поголем број на политички релации кои може да ги искористиме на ЕУ план, изјави Шекеринска за емисијата „Двесте“ на ТВ Алсат.

Изјавата за „тектонските промени“ ја објави на Фејсбук како најава за емисијата што ќе се емитува вечерва и во која пошироко ќе елаборира за плодовите што  ги уживаат граѓаните од „тектонските промени“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.