Николоски додаде дека јасно му е зошто меѓународната заедница не навлегува во суштината на Договорот.

Тие велат доколку грчката и македонската Влада го потпишале Договорот од Преспа, веројатно се согласиле со него. Тоа што ние имаме ваква неспособна и капитулантска влада да потпише договор, кој никој не би помислил ни да го преговара, е проблем на владата, не е проблем на меѓународната заедница, рече Николоски.

На прашање зошто ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на подигнувањето на знамето на НАТО пред Влада, Александар Николоски вели дека треба прво да се разјасни пред граѓаните дека земјава сè уште не е член на НАТО, а ќе стане член кога сите парламенти на сите 28 земји членки на НАТО ќе го ратификуваат Протоколот за членство, а тоа најрано би се случило пролета следната година.

Тој вели во овој период Армијата треба да спроведе сериозни реформи и ексклузивно истакна дека се стигнати насоки до Армијата дека во кабинетот на Шекеринска и во Генералштабот на Армијата за лица кои се на исклучително високи позиции, исто така и во военото разузнавање, кои што се соработници и на надворешни странски служби и истите мора да бидат отстранети за Македонија да биде кредибилен партнер, односно да не излегуваат информации надвор од НАТО.

Кога ќе се заврши овој процес тогаш ќе станеме членка на НАТО и тогаш ќе зборуваме за кревање знамиња, вели Николоски.

Погледнете го и останатиот дел од интервјуто:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.