Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на прес-конференцијата во Владата рече дека нашата земја во овие две и пол години поминала низ минско поле, но одлуките биле во интерес на сите генерации на граѓани.

– Дојдовме до крајот на едно патешествие. Станавме 30 членка на НАТО Алијансата по речиси 30 години чекање. Стигнаме дотука бидејќи кога другите одолговлекуваа, ние решававме. Додека другите се правдаа, ние носевме одлуки. Во овие две и пол години минавме низ минско поле. Некои одлуки беа ѓаволски тешки, но во интерес на сите генерации граѓани. Добро е да се потсетиме дека ниту една политичка идеја не преживеала толку долго како нашето НАТО членство. Да си го честитаме членството во најголемата воена Алијанса. Како министер за одбрана упатувам честитка до припадниците на Армијата, кои ни го расчистуваа патот до членството – рече Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.