Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска истакна дека припадниците на армијата и воено медицинскиот центар се уште се активно вклучени во справувањето со корона кризата.

Како што посочи Шекеринска, тие се уште работат како дел од јавното здравство и присутни се во различни делови, работат со болни лица, работат на епидемиолошки анализи и на поддршка на јавните здравствени установи.

Ние имавме и вонредна и кризна состојба и тие состојби се разликуваат и во правната основа и во процедурата, но една работа е стандардна. Во вонредната состојба и во кризната состојба вооружените сили, армиските припадници се ставени во функција на поддршка на цивилни институции. Можеби нема толку вести затоа што тоа ни стана стандард – изјави Шекеринска.

Таа додаде дека и кога епидемиолошката состојба била во фаза на помал број заразени лица, бројот на армијата во јавносто здравство останал ист, а доколку постои потреба армијата ќе биде и ангажирана во процесот на имунизација, односно вакцинацијата, во зависност од потребите на институциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.