На Форумот на жени на СДСМ, Радмила Шекеринска истакна дека раководи со, условно кажано, машки ресор и дека токму во нејзино време стануваме земја членка на НАТО.

Раководам со ресор кој се’ уште се смета за машки, но ете ние стануваме членка на НАТО. Веќе две и пол години, одбраната на Република Македонија е водена од жена, и да се послужам со некои машки реплики – сонцето и понатаму изгрева на исток. И да не заборавам – Македонија влегува во НАТО кога на чело на одбраната е жена. И платите во одбраната се повисоки. И законите подобри. Пари има повеќе и подомаќински се трошат. Но, секако тука е и поддршката за нашите колеги, заеднички работиме за нашата земја, истакна заменик претседателката Радмила Шекеринска на трибината на Форумот на жени на СДСМ под мотото „ 20 години чекориме по патот на еднаквоста“.

Таа подвлече дека „ако ги собереме буџетите на министерствата предводени од жени, ќе видиме дека иако се само 4 наспроти 12, вкупниот буџет е два пати поголем од буџетите на нашите машки колеги.“

Премиерот имал доверба во нашето менаџирање на парите. И со право. Од 5 првопласирани министерства по прашањето на транспарентност и интегритет во јавните набавки, 4 се токму министерствата предводени од жени, а тоа е доказ дека знаеме да работиме чесно и домаќински, доказ за нашите успешни политики, заклучи заменик претседателката Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.