Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска, на негова иницијатива ќе престојува во работна посета на земјава за време на која предвидени се средби со шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и со други високи претставници на земјава.

Како што соопшти МНР, соработката во справувањето со глобалната пандемија COVID-19 ќе биде во фокусот на разговорите, а во тој контекст заедно со унгарската делегација ќе пристигне и конкретна помош за полесно надминување на овие предизвици.

Воедно, за време на средбата ќе се разменат и информации за натамошните чекори во европската агенда на земјата по добивањето на позитивната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на пристапни преговори. Ќе бидат разгледани и билатералните односи, можностите за нивно понатамошно унапредување, како и продлабочување на соработката и солидарноста помеѓу двете земји, но и во рамките на Европската Унија, наведуваат од МНР.

По средбата, министрите Димитров и Сијарто ќе одржат прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.