Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија.

Покрај средбата со Османи, министерот Шаленберг ќе оствари средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со други високи државни и политички претставници од земјава.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите на Османи и Шаленберг ќе биде евроинтеграцискиот процес на нашата земја, состојбите во регионот, како и билатералната соработка со акцент на економијата.

Соговорниците ќе се осврнат и на политичко-економските реперкусии врз Европа, како последица на руската инвазија на Украина, како и на мултилатералната соработка, со акцент на претстојното претседавање на Република Македонија со ОБСЕ во 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.