Шефицата на ЈО за организиран кримина Вилма Рускоска вели дека апсолутно не верува во приказната на поранешниот шеф УБК, Сашо Мијалков дека бил болен со температура над 40 степени и оти изутрината дознал дека цела држава го бара.

Рече дека таа не се видела со Мијалков и не можела да оцени дали Мијалков делувал болен или не.

Обвинетиот Мијалков денеска се појави во обвинителството откако 40 часа се трагаше по него. Рече дека не знаел оти го барале, имал висока температура, бил во самоизолација и со симптоми на ковид-19.

Лани во октомври Мијалков беше позитивен на коронавирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.