Проблемот со Бугарија ескалираше на штета на Македонија, потпишавме договори за добрососедство и не уверуваа од Владата се е решено и вратите на ЕУ и НАТО се отворени. Во НАТО, Македонија е членка поради одредени политичко безбедносни прашања, но вратата на ЕУ останува затворена, рече Оливер Шамбевски, поранешен амбасадор на гостувањето во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

Спорот со Бугарија е проблем за ЕУ, но во сите извештаи се наведуваат низа на проблеми како што се корупција, справување со пандемијата, владеење на правото. Оваа влада на нив спектакуларно потфрли и  денес гледаме дека не знаат да решат ништо. Проблемот е во оваа влада и во ништо друго. Направија премногу дилетантски договори, а така настапуваат и пред меѓународната заедица – вели Шамбевски.

Според него, Владата беше предупредувана уште кога ги потпишуваше договорите дека се асиметрични, а сега спори и Грција поради твит на Заев и следуваше срамно извинување од него.

Не знам јас што мислат од Владата дека друг ќе ни набави вакцини, ќе ни носи инвестиции. Владата барем да направи консензус за клучните прашања, да видиме дали ќе има волја, а можеби е и предоцна зошто ја втурнаа Македонија таму каде што е, но не треба да се откажуваме кога станува збор за интересите на државата – вели Шамбевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.