Денес министерот Јетон Шаќири го одржа првиот состанок со претставниците на Space Exploration Technologies Corporation, поинаку позната и како Спејс Икс (SpaceX).

Министерството за информатичко општество и администрација бара најдобри опции за обезбедување брз интернет за сите граѓани во државата, во урбаните и руралните средини кои сè уште немаат пристап до интернет, како и за можностите за подобрување на поврзаноста во сите области и градови на Република Македонија.

Министерството за информатичко општество и администрација ќе соработува со Владата на Република  Македонија и ќе бара начини за  субвенционирање на интернет конекциите за клиенти преку добро осмислен систем на ваучери, земајќи го примерот на другите европски земји, во овој случај, Германија.

Постигнување брзина на Интернет од 300 Mbps за секое домаќинство, дури и во најдлабоките области на државата, е целта што мора да ја постигнеме на крајот од спроведувањето на овој проект, информираат од Министерството за информатичко општество.

Министерот Шаќири информира дека разговорите со компанијата управувана од Elon Musk, SpaceX, ќе продолжат и како резултат се надева дека ќе им донесе подобри услуги на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.