По консултација со Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче ги информираме родителите кои користат продолжено породилно боледување да се вратат на работа согласно владината одлука донесена на 14 септември оваа година, родителите на децата до шест години да се вратат на работа од 23 септември, напиша на нејзиниот фејсбук профил, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Еден месец продолжување на породилното боледување не менува ништо. Како Влада, но и како Министерство, создадовме услови за безбедно сместување на децата во градинките согласно здравствените протоколи. Со нивно почитување ризикот за инфекција со Ковид 19 е сведена на минимум, пишува Шахпаска.

Истовремено, додава министерката, ги информираме родителите кои ги изгубиле своите работни места поради продолженото породилно боледување, дека со четвртиот пакет на економски мерки, кои што беа презентирани денеска, се предвидува поддршка за компаниите кои го задржале истиот број на вработени од 31 јули оваа година.

Тоа значи дека на компаниите им одговара оваа мерка, напиша Шахпаска и додаде дека живееме во време на пандемија која бара општествена одговорност од секој од нас како поединец и граѓанин на оваа држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.