Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, оствари состанок со претставници на Венецијанската Комисија на кој беше разгледуваше новиот предлог Закон за родова еднаквост.

Шахпаска порача дека Предлог-Законот за родова еднаквост обезбедува остварување на потполна родова еднаквост во општеството и еднакви шанси за сите

Еднаквост во општеството, еднаков пристап до ресурси на мажите и жените, еднакви шанси за напредок, рамноправност за сите претставува заедничка обврска и приоритет на Владата на Република Македонија и како таква, таа е дел од Програмата на Владата 2020-2024 година – истакна Шахпаска.

како што порача таа, целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родовата еднаквост и создавање услови за остварување на потенцијалите на сите луѓе, без разлика на полот, родот и родовиот идентитет.

Во своето обраќање до претставниците на Венецијанската комисија, Шахпаска информираше дека со Предлог Законот за родова еднаквост се воведуваат новитети, односно Законот предвидува три нови механизми.

Тоа е Секретаријатот за родова еднаквост, кој како највисоко тело ќе ја координира и следи работата на институциите и локалната самоуправа при имплементација на законот. Ресурсен центар, кој е предвиден како тренинг центар за обуки на државните службеници во областа на родово одговорно креирање на политики и буџетирање. Третиот нов механизам е Национално координативно тело со кое што ќе претседава министерот за труд и социјална политика, со што се подигнува и нивото на влијание и значење – појасни Шахпаска.

На состанокот се дискутираше и за повеќе прашања во однос на правилниците, кои ќе бидат подготвени откако законското решение ќе биде изгласано во Собранието, улогата и организациската структура на Секретаријатот за родова еднаквост, инспекцискиот надзор и други прашања.

Министерството за труд и социјална политика побара мислење од Венецијанската Комисија, како советодавно тело на Советот на Европа, составено од независни експерти од областа на уставното право, уште во додека законското решение е во нацрт верзија со цел да биде изготвено квалитетно и целосно применливо решение кое ќе овозможи унапредување на еднаквоста на сите полиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.