Уверение за државјанство на Република Македонија може да се издаде според живеалиштето на граѓанинот или во сите подрачни единици на Министерството за внатрешни работи доколку државјанството е регулирано во регистарот на државјани.
Потребно е да се поднесе: Барање за Уверение за државјанство, да се плати 100 денари административна такса и да се извраши уплата од 50 денари на жиро-сметка.
Нова патна испрва – пасош на која би го имало новото уставно име „Република Македонија“ чини 1500 денари за образецот и административна такса од 300 денари за родители на 27-годишна возраст и по 200 денари за деца од 4 до 18 години. Вкупно 3600 денари за родителите и 3.400 денари за децата доколку патната исправа се вади по редвна постапка, ако некој сака да ја забзра процедурата ќе треба да овои дополнителни 12.000 денари.
Во управата за водење на матични книги ќе биде неопходно да се уплатат четири уплатници од по 150 денари или вкупно 600 денари за нови изводи од матичната книга на родените за сите четири членови на семејството. Дополнително, за да имаат потврда дека се во брак во „Република Македонија, родителите ќе мора да уплатат дополнителни 150 денари за извод од матичната книга на венчаните.
За нови лични карти со името Македонија на образецот ќе мора да се одвојат по 190 денари за двајцата родители или 380 денари. Ако двајцата родители имаат возачка дозвола и за нејзината промена ќе мора да одвојат по 280 денари за образецот и 170 денари административна такса или 900 денари за двајцата родители. Во случај ако децата се полнолетни тоа би значело дека исто толку ќе треба и за нив да се плати.
Ако има потреба од итна постапка домашниот буџет ќе биде оптеретен со дополнителни 1120 денари. Промената за возачката книшка за казнени поени ќе чини по 100 денари. Дополнителен трошок е и промената на сообраќајната дозвола за автомбилот на семејството.
На овој список со основни документи се додаваат и здраствените легитимации со новото уставно име кои чинат по 50 денари или вкупно 200 денари од домашниот буџет за едно четири члено семејство.
Од владата во неколку наврати посочуваат дека промената на документите ќе биде во рок од пет години, но тоа не го променува фактот дека домшниот буџет на едно четиричлено семејство ќе биде скратено колку една минимална македонска плата.
Дали ќе треба промена и на сведителставата и уверенијата за завршено образование и во кој временски период тие треба да се променат се уште нема одговор. „Република“ испрати прашања до владата, но по поминати два дена одговор не добивме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.