Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното обраќање пред насобраните граѓани пред републичкото Собрание потсети дека нема ден без афери, нерасчисени инциденти, убиства… Тој рече:

Еве поминуваат речиси две години од оваа власт, резултатот е едно големо ништо. Имаме работа со аматери и лакоми луѓе по власт, по моќ и по функции. Нема ден да нема афера, нема недела да нема некое убиство, пљачка или нерасветлен инцидент. Народот живее во страв и во сиромаштија, граѓаните започнаа да плаќаат зголемени даноци, а тоа значи помалку пари за граѓаните.

Мицкоски додаде дека земјоделието е уништено, сиромашните се најбројни, нема нови патишта, нема инвестиции, работата, вели тој, отиде дотаму да почнаа и со пазарџиите да се пресметуваат, се друго средија па сега и нив ќе ги решавале.

-Продолжија да не задолжуваат а долгот никогаш не бил поголем. Трошоците за живот се зголемија, а цените растат, сиромашните се најбројни затоа оваа власт мора да ја победиме најпрвин на претседателските избори, а потоа и трајно да и го покажеме патот на темната страна на историјата на следните предвремени или редовни парламентарни избори – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму тој порача дека Северна не е нашата татковина:

Да се биде Македонец најпрвин е света работа, а потоа проклетство и немир. Тој немир го чувствуваме и денес, но Македонецот веќе се крева над неправдите , веќе го пушта својот крик за своите права. Северна не е мојата татковина. Можеби на Заев, но не и мојата. Не на народот. Наша е само Македонија, така и ќе остане.

Мицкоски додаде:

Заев со неговото владеење ќе остане запаметен на темната страна на историјата. Како човекот кој продал најмногу од територијата на Република Македонија и македонскиот идентитет, а не изградил ништо. Како човекот кој држел преку година дена луѓе, родители, браќа и сестри, соседи во притвор за политички случаи, ќе остане запаметен како човекот кој го продал името на сопствената држава. Паѓаат и тоа се гледа секој ден паѓаат вртоглаво. Ја губат контролата и тоа им е јасно. Ова се последните крици и мрдања на оваа забревтана и прокувана машина од 90-тите од периодот на транзицијата ова се последните остатоци што ќе ја газат оваа напатена држава и овој народ. Со сиот свој недемократски потенцијал надежта им е само на наместени избори да победат. Па затоа тргнаа пред претседателските избори да вработуваат, да вдомуваат, да корумпираат, малку од малку да купат мир во своите редови затоа што ветуваа многу. Но залудно е, тоа нема да им помине, ниту пак нови избори кои ќе ги наместат ќе им поминат. Ниту сите овие
аналитичари поранешни помилувани политичари кога викаат дека ВМРО ќе бојкотира, нема да бојкотира ВМРО. Со сите неправди и со сите злоупотреби ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија, ќе ве растури на претседателските избори, така што нема да знаете што ве снашло. Не ги плаќајте за бадијала, нема потреба да им ги уништувате децата. Со врски да ги вработувате во државни фирми за можат они проценки да ви прават. Оставете ги децата сами да си ја заслужат својата работа. Нема потреба да се трошоците во поткуп на такви аналитичари. Ќе одиме на избори и жестоко ќе ве поразиме од прв до последен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.