Доктор ќе одлучува кој ќе добие пасош.
Браво, е тоа се вистински реформи.
Сеа уште да се воведе задолжително и за влез во политика и за право на глас.

Ова е само една од многуте реакции за проблемот со кој се соочува земјава – земја без пасоши, лични карти, возачки дозволи. Социјалните мрежи вријат од секакви коментари и негодувања:

-Какво време дојде, полесно е да извадиш бугарски отколку македонски пасош.

-Правото на пасош е гарантирано со Устав. Ќе забранеле поднесување барања оти немало хартија. И тоа као нормално му доаѓа кај нас..

Граѓаните бараат одговорност од надлежните. А тие само ја префрлаат топката од еден на друг… Оливер Спасовски е човекот којтреба да даде одговор на сите прашања. Тој до неодамна беше министер за внатрешни работи, денес како технички премиер негира дека знае што се случува во ресорот кој го водеше скоро 3 години.

“Не знам“, „Не е моја надлежност“, “Чулев е одговорен за тоа“. Вака Оливер Спасовски одговара на прашањата поврзани со пасошите. Се поставува прашањето – дали овој проблем е намерно создаден, знаејќи дека со техничката влада на оваа позиција доѓа човек од опозицијата. Дали е релано Чилев да го направил овој хаос со оглед на тоа што овој проблем е актуелен некое време, а тој не е ни два месеци на позиција?! Обрасци веќе требало да стигнат кога во канцеларијата на МВР стигнал и Чулев. Со ова паѓаат во вода сите обвинувања на адреса нановиот министер завнатрешни работи.

Актуелниот технички министер во министерството за внатрешни работи, Наќе Чулев, за овој случај најави итна истрага и одговорност за оној кој дозволил да дојде до ваков проблем.

–Во однос на пишувањата на одредени медиуми за незаконист во постапката за набавка на пасоши, тоа што во моментов можам да потврдам е дека во рамки на Министерството за внатрешни работи во тек е интерна постапка која треба да утврди дали постојат одредени елементи кои укажуваат на можни злоупотреби при набавката на патни исправи. За сите недоследности кои би се утврдиле ќе биде покрената соодветна постапка за што јавноста би биле информирана, порача министерот Чулев.

Уште посмешна е изјавата на Спасовски дека пред една недела дознал за проблемот со пасошите, а граѓаните се жалат најмалку еден месец.

– Пред една недела беше доставена информација до Владата во однос на состојбата со пасошите. Мислам дека подоброто менаџирање, начинот на функционирање внатре во институцијата, повеќе бавење со суштински работи отколку со неважни прашања, немаше да доведе до една вакна криза, изјави премиерот Спасовски.

На прашање на новинарите кога тој ја има направено последната нарачка на обрасци за патни исправи, Спасовски рече дека во моментот не знае, но за тоа има документи во МВР. Чиниш од МВР замина пред2 години а не пред два месеци. Јануари веќе граѓаните имаа мака со вадење лични документи.

Одговорност за вакви случаи мора да има, но и јавноста мора да дознае зошто Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи, баш сега дозволил да се случи ваков проблем, а долги години наназад ваков проблем со недостаток на пасоши немало.

Дали Спасовски и СДСМ сакаат намерно овој проблем да му го препишат на Наќе Чулев и дали со овие постапки СДСМ сака на граѓаните да им ја најави црната кампања за време на изборната кампања?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.