„Ако влегувате со IP адреса наводно од странство, а всушност се од Македонија, вие сте направиле кривично дело, кое е казниво и за кое се лежи затвор најмалку од 3 години“, изјави вечерва Заменик директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами за емисијата „200“ на Алсат ТВ.

Според него, во нивниот софтвер се попишува секој.

„Апликацијата и софтверот се така изготвени што секое движење од надвор се регистрира и тоа од каква адреса, од каде и полесно е да се најде потоа и кој го сторил тоа. Не сфаќам зошто некој од овде би имал потреба да влезе и да се попишува“, вели Селами.

Tој ги отфрли тврдењата на опозицијата дека процесот на започнување на пописот бил вистински дебакл.

„Сите проблеми што се природни при секој почеток, кои беа презентирани вчера во тек неколку часа беа подобрени и регистрацијата помина добро. Зборот дебакл е побиен од бројките што ги имаме денес, што значи дека во рок од 24 часа се регистрирани вкупно 11.149 членови на дијаспората. Имавме преоптоварување на системот, но имаме многу очекувана бројка. Иако овој број би бил поголем за 1000 или 2000, доколку системот работеше како што треба за тие 2 часа, додека Телеком ја заврши својата работа, сепак, веројатно ќе беше подобро“, рече Селами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.