Нема да дозволиме некој да се освети на градоначалникот на Боговиње и на граѓаните на Синичане, заради тоа што некој сакал да направи бизнис со хидроцентрала во истото место каде граѓаните сакаат да земат вода за пиење, рече денеска од Скопје претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села.

Според него на граѓаните во Македонија им е јасно дека судството е политизирано, но новоста е дека државата сега станува полициска држава.

Скандалозно е обвинителот да даде наредба на полицијата за да дозволи граѓаните во Боговиње да работат и обезбедат вода за пиење, а тие и ден денеска по наредба на Агим Нухиу, министерот за внатрешните работи, уште седат таму, иако жителите на Синичане цела ноќ престојувале таму за да го бранат нивното право, доделено и од правосудството. Ова треба да биде аларм за сите граѓани, за сите институци кој што се уште веруваат во демократијата за да се спречат вакви тенденции и појави на полициска држава. Го повикувам меѓународниот фактор да направи се за почитување на законите во оваа држава. Нормално дека од страна на градоначалникот не им е дадена дозвола за вода за пиење, изјави Села.

Затоа зад цела оваа работа тој посочи дека се крие и бизнис заедницата на функционерите на ДУИ, кои наместо да работат, бидејќи имаат земено мандат за обезбедување минимални услови за живење во целиот полошки регион, тие се занимават со вакви работи. Воедно тој истакна дека и Тетово веќе две недели во време на пандемија и горештини е без вода да пиење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.