Денес се монтираат судски случаи за Албанците, рече Зијадин Села во своето гостување на ТВ 24 тој  како пример за тоа го посочи убиството на младиот Саздовски.

Една третина од населението не може да се третира како малцинство. Оваа една третина има капацитети да гради мир, да придонесе за да се развие оваа држава, плаќа даноци, и носи дотации од дијаспората. Албанците знаат да даваат можности, тоа го нарпавија во 2016 со Заев, кој викаше нема правда, нема мир. Дека ќе се решат сите монитрани политички процеси, и денеска Албанците се соочуваат со монтирани случаи. За случајот со Саздовски, кога двајца млади Албанци, случајно, несакајќи го нападнаа физички починатиот, само затоа што беа Албанци делото беше оквалификувано како свирепо убиство. Правдата се дели по етничка и по партиска линија и тоа се гледа по овој случај, смета претседателот на Алијансата на Албанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.