Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села вели дека има сознанија оти меѓу прислушуваните материјали од случајот „Рекет“ има бомба и за вицепремиерот Бујар Османи, објави „Телма“.

Токму затоа и не очекува овој случај да има разрешница. Правен епилог, според него, може да има само доколку се донесе јавен обвинител врз кој не може да се врши притисок или пак, не се смени власта.

Лидерот на Алијансата за Албанците предлага јавен обвинител странец, за никој да не се чувствува заштитен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.